ЕДНОДНЕВНА КАРТА – THE SOCIAL GARDEN – 1 ЈУЛИ
1 јули, среда, од 20:30-00:00, со ЗОКИ БЕЈБЕ
-1.200 денари со вклучен ддв
После настаните THE GIN GARDEN и THE WHISKEY GARDEN, успешно организирани согласно ковид протоколите, лето'21 го започнуваме во малку поопуштена, но сè уште одговорна варијанта:
THE SOCIAL GARDEN.
Дводневен настан посветен на дегустација на фини пијалоци и нивни варијации.
Настанот ќе се одржи на Зелената Градина на ГТЦ во два посебни дена/настани:
30 јуни, среда, од 20:30-00:00, со СОЊА ИСМАИЛ и 01 јули, четврток, од 20:30-00:00, со ЗОКИ БЕЈБЕ.
(оваа карта важи за вториот ден од настанот)
Време е повторно да се социјализираме, одговорно!
THE SOCIAL GARDEN
Организатор - Боттега Евенти.
Ограничен број на посетители ќе уживаат во ***неограничена дегустација на различни брендови пијалоци во чиста и во збогатена форма.
*Посебните настани се замислени да се одржат под отворено небо. При неповолни временски услови, настаните ќе бидат одложени за 08/09 јули, четврток и петок или уплатените средства ќе им бидат рефундирани на потрошувачите.
Краток опис на настанот и безбедносни протоколи на настанот:
- Дводневен настан организиран во 2 посебни дена, среда и четврток.
- Организаторот ќе се придржува на мерката за исполнетост до 50% од капацитетот на Зелената Градина на ГТЦ.
- 4-часовно дружење со почитување на актуелните протоколи.
- Секој посетител ќе може да се смести во Зелената Градина на позиции за седење и стоење (светлосни модуларни елементи, коктел маси, клупи на градината и сл.) На посебни светлосни и брендирани пултови обучени бармени/презентери ќе им презентираат и сервираат на посетителите чисти пијалоци и пијалоци во коктел форма, со организиран пристап на посетителите кон пултовите.
***Доколку посетителот е под неконтролирано дејство на алкохол, истиот ќе биде предупреден од страна на организаторот, додека обезбедувањето има право да го одстрани од настанот.
Време е да се ресоцијализираме, одговорно!
Организатор: Боттега Евенти