EXPO.30 ќе се оддржи на 16/17 септември во Музејот на Современа Уметност.
EXPO.30 ќе биде отворен со премиерна проекција на документарен филм за ретроспектива на македонската мода во првите 30 години независност, по која во двата дена на експо настанот ќе следуваат модни ревии на 10 македонски модни креатории, претставници од сите 3 декади, како и групна модна ревија на студенти од 4 факултети за моден дизајн.
10-те македонски модни дизајнери ќе остварат соработка со 10 македонски ди-џеи за своите модни ревии.
На EXPO.30 ќе постои и EXPO зона каде ќе изложуваат 10 македонски компании кои оставиле особен белег во 30-те години независност како добро-општествени компании.
Настанот е поддржан од страна на Влада на РС Македонија.
Filter by:
Clear All