The Gin Garden
& more….
5 јули 2022, ГТЦ Зелена градина
19:00-00:00
Третото издание на “Гардените” ќе се одржи во урбаната градина на ГТЦ Скопје.
“Гардените” се хедонистички настани, посветени на дегустација на одредени алкохолни пијалоци. Третото издание е посветено на пијалокот ЏИН.
Ботаничката средината уште повеќе ќе го истакне искуството кое посетителот ќе го доживее дегустирајќи го овој пијалок. Градината е природната средина на џинот. Ова издание ќе биде еднодневен настан, оваа година достапно за поширока публика и изложувачи.
Гостите ќе уживаат во атмосферата и дегустацијата на 10 различни џин пријалоци, 3 сродни алкохолни пијалоци, тоник пијалоци и деликатесни производи, проследено со музички перформанс на диџеите Флудер и Зоки Бејбе.
Како и секогаш, организаторот ќе го збогати настанот со различни атракции.
Картата за присуство на настанот чини 1200 денари со вклучен ддв и истата вклучува неограничена дегустација на џин пијалоци во чиста и збогатена форма, останати пијалоци и деликатесни производи.
Код на однесување на настанот: Доколку посетителот е под неконтролирано дејство на алкохол, истиот ќе биде предупреден, а обезбедувањето има право да го одстрани од настанот.
Организатор – Боттега Евенти